Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес ги прими астронаутите од мисијата „Артемис II“, кои претходно овој месец полетаа на другата страна од Месечината.
Тој најави дека американската влада наскоро ќе објави голем број досиеја поврзани со вонземски живот, односно неидентификувани летачки објекти (НЛО).
Одговарајќи на прашања од новинарите за време на состанокот со астронаутите на „Артемис II“, Трамп рече дека федералната влада ќе објави „што е можно повеќе“ досиеја за вонземјани „во блиска иднина“, објави NBC.
„Мислам дека дел од тоа ќе биде многу интересно за луѓето“, рече Трамп.
Тој додаде дека за време на неговиот прв мандат како претседател, разговарал со некои пилоти кои тврделе дека имале контакт со вонземјани.
„Интервјуирав некои пилоти, многу солидни луѓе, и тие рекоа дека виделе работи во кои не би верувале, па ќе прочитате за тоа“, рече Трамп, пренесува Б92.
Фото Економија и бизнис






