Конкуренцијата на пазарот на пијалаци денес доаѓа од повеќе страни, а во иднина најголем предизвик ќе биде брзината со која се менува пазарот, смета генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ.
„Не се натпреваруваме само со други производители на пијалаци, туку и за времето, вниманието и буџетот на потрошувачот“, вели Лазиќ, во интервјуто за Економија и бизнис.
Според него, најголемиот конкурент во иднина нема нужно да биде еден конкретен играч, туку брзината со која компаниите ќе успеваат да одговорат на промените во потребите на потрошувачите.
„На крајот, ќе победат оние што најдобро го разбираат потрошувачот и најбрзо се прилагодуваат на неговите потреби“, истакнува Лазиќ.
Целото интервју можете да го прочитате на ЛИНКОТ








