КУПУВАЧИТЕ НА НЕДВИЖНОСТ НА ГРЧКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ СЕ СООЧУВААТ СО ПОВЕЌЕ ФАКТОРИ, правилото за ограничувањето на престојот 90/180 важи и за сопствениците на апартмани

Последните години Србите се повеќе искажуваат интересирање за купувањето на недвижност во Грција посебно во местата покрај море, но при конечната одлука за склучување на купопродажен договор треба да се земат повеќе ограничувачки фактори.  Како што пишува Блиц, новите сопственици на некој апартман на грчкото крајбрежје, треба да водат сметка и за административните бариери за престој што важат за земјите од Шенген.

Без дозвола за престој, граѓаните на Србија можат да останат во Грција максимум 90 дена во рок од 180 дена, што бара внимателно планирање и „излегувања“ од земјата.

Грција веќе има ограничувања за купување недвижен имот од страна на граѓани на земји кои не се членки на ЕУ во одредени гранични и стратешки важни области. Во исто време, се разгледуваат дополнителни мерки за контрола на странските инвестиции во недвижен имот, но засега тие не претставуваат општа забрана за купување за српските граѓани. Во Грција, во Парламентот се разгледува предлог-закон, кој се однесува на купување недвижен имот од страна на странци, особено граѓани на земји кои не се членки на ЕУ.

Законот има за цел да ја заостри контролата врз купувањето недвижен имот во гранични и стратешки области, како што се регионот Еврос и Западна Тракија, објавува Курир.

Граѓаните на Србија и на Македонија се сметаат за клиенти кои не се членки на ЕУ.

Во поголемиот дел од Грција (Халкидики, Солун, Атина, поголемиот дел од островите итн.) – нема забрана и купувањето е дозволено под истите услови како и претходно.

Во пограничните и стратешките области, веќе постојат ограничувања за граѓаните кои не се членки на ЕУ, а новиот закон предвидува дополнително заострување и построга контрола.

Исто така, треба да се води сметка и за цените на недвижностите во Грција, бидејќи во последните две години  Грците значително ги зголемиле цените во последните две години.

За 100.000 евра можете да купите стан од 30 квадратни метри или куќа од 50 квадратни метри на помалку познато место на Халкидики.

Купувачот мора да смета на трошоците за нотар, адвокат (што во Грција е задолжително и клучно за проверка на оптоварувањето на имотот) и данокот за пренос на апсолутни права. Очекувањата од евентиуалното изнајмнување на апартманот од околу 80 проценти закуп годишно е апсолутно невозможно. Инвеститорот може да биде среќен ако толку многу се изнајмува во текот на сезоната, а сезоната е максимум 5 месеци.

Една од најголемите дилеми на потенцијалните клиенти е начинот на плаќање. Грчките банки се двоумат да даваат кредити на нерезиденти без постојан приход во Грција, додека српските банки генерално не дозволуваат хипотеки за недвижен имот во странство, пренесува Блиц.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано