Компанијата Костал Македонија денеска одбележува 10 години од присуството во земјава. Компанијата Костал груп има фабрика во Охрид за изработка на делови и компоненти за автомобилската индустрија.
На одбележувањето во Охрид се најавени обраќања на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, германската амбасадорка Петра Дрекслер, Виктор Мизо генерален директор на КОСТАЛ Македонија и потпретседател за владини прашања во Костал груп, Хансјоерг Херман член на Бордот на Костал, Андреас Костал претседател на Бордот на менаџери на Костал групацијата, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија со видео обраќање и охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.
извор/фото: МИА








