Колку треба да платите за лежалки во Калитеа оваа година?

Летната сезона во Грција полека но сигурно започнува, а со тоа пристигнуваат и првите информации за цените за изнајмување на лежалки на плажа.

Во едно од омилените места за летување на Македонците, Калитеа повеќето барови на плажа се уште немаат започнато со наплатата за лежалки. Но, има и одредени кои веќе наплаќаат по 20 евра по лице на ден. Останатите започнуваат со наплата на почетокот на јуни, а минималната конзумација по лице се очекува да биде помеѓу 20 и 30 евра. Има и одредени барови кои се значително поскапи со минимална конзумација од 120 евра за прв ред, 100 евра за втор, 80 евра за трет итн. Конзумацијата се однесува и за храна и за пијалаци, стои во објавата на страницата „Никана“.

Исто така, на дел од плажата во Калитеа можете да си поставите свои лежалки и опрема и да уживате бесплатно.

Повеќе од истиот автор

Најчитано