Во просек, на граѓаните на Европската Унија (ЕУ) им се потребни 2.867 евра месечно за да го достигнат прагот на горната средна класа, додека во Србија и другите балкански земји, износ од околу 1.000 евра е доволен, според истражувањето на Јуроњуз.
Опсегот во 34-те набљудувани земји варира од 603 евра во Македонија до 6.490 евра во Швајцарија.
Во Србија, за влез во оваа класа се потребни 975 евра месечно, додека слични бројки се забележани во Црна Гора (825 евра) и Турција (755 евра).
Меѓу четирите најголеми економии на ЕУ, Германија води со праг од 3.611 евра, по што следуваат Франција со 3.307 евра, Италија со 2.758 евра и Шпанија со 2.546 евра месечно.
На поединец од горната средна класа во Норвешка му се потребни 5.240 евра месечно, додека таа сума во Австрија, Данска и Ирска се движи од 4.500 до 4.300 евра.
На Естонците им се потребни 2.143 евра за да бидат во таа категорија, на Чесите 1.900, на Хрватите 1.882, а на Португалците 1.808 евра.
Анализата се базира на таканаречениот изедначен расположлив доход и дефиницијата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), која ја дефинира горната средна класа како група луѓе кои примаат 150-200 проценти од медијалниот приход.
Медијалниот изедначен расположлив доход во ЕУ за 2025 година изнесувал 1.912 евра месечно, додека 150 проценти од таа сума се 2.867 евра, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис








