Според член 6 став 2 од Законот за комуналните такси, комунална такса НЕ СЕ ПЛАЌА за ФИРМА на:
државните органи,
органи на општината и градот Скопје,
јавни установи,
јавни претпријатија,
непрофитни организации,
фирма на деловни простории во пасивни населени места со изразена миграција и
фирма на вршители на дефицитарни занимања и занаети во изумирање.
Согласно со членот 3 став 1 точка 1 од Законот за комуналните такси, комунални такси се плаќаат за: секоја фирма, односно назив на деловна просторија.
Според членот 5 став 1 од истиот Закон, комуналните такси се утврдуваат во еднаква висина за сите обврзници кои вршат иста дејност или занимање, односно за сите обврзници од иста категорија.
Според став 3 од истиот член, комуналната такса за фирма, односно назив се утврдува различно по видови дејности.
Комуналните такси застаруваат за две години по истекот на годината во која требало да се изврши утврдување, односно наплата на таксата.
Правото на враќање на повеќе наплатена комунална такса застарува за две години по истекот на годината во која таксата била платена.
Комунална такса се издава по Решение издадено од Градоначалникот.
Извадок од Тарифата за комунални такси
За фирма, односно назив на (износ во денари)
деловните простории на физичките лица кои вршат дејност = од 1.300 до 2.700
деловните простории на физичките лица кои вршат дејност, а данокот го плаќаат во паушален износ = од 350 до 700
деловните простории на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите, освен за продавници, киосци, деловни единици и слично за кои таксата изнесува = од 4.000 до 8.000
– деловни простории на правни лица од комуналните дејности = од 2.000 до 4.000
– деловни простории на трговските друштва и другите правни лица, како и на откупните пунктови кои дејствуваат повремено = од 2.000 до 4.000








