КИНА КУПИ ПОВЕЌЕ ОД 1.000 ТОНИ ЗЛАТО, како дел од поширокиот напор за диверзификација на нивните средства, сметаат експертите

Кина потроши рекордна сума пари за увоз на повеќе од 1.000 тони злато оваа година, бидејќи Централната банка на Кина и домашните инвеститори се обидуваат да го заштитат капиталот во услови на растечки геополитички тензии и слаби приноси од домашните средства.

Втората по големина економија во светот потроши 158,8 милијарди долари за увоз на злато во првите осум месеци од оваа година. Ова е значително зголемување во споредба со целата минатата година, кога 96,5 милијарди долари беа потрошени за увоз на 886 тони злато.

Овој пораст на побарувачката дојде откако Кина привремено ги забави своите купувања за време на силниот пораст на цените на златото, кои се искачија од 2.625 долари за унца до врв од 5.595 долари на почетокот на годината.

Кина е самата најголем производител на овој скапоцен метал во светот, со минатогодишно производство од 384 тони, според податоците од Светскиот совет за злато (WGC).

Аналитичарите забележаа дека кинеските инвеститори сè повеќе купуваат злато како дел од поширокиот напор за диверзификација на нивните средства. За илустрација, средствата што ги поседува Кина во американски државни обврзници паднаа на 618 милијарди долари, што е најнизок износ од август 2008 година.

Можностите за домашни инвестиции во Кина се доста ограничени од 2021 година и кризата со недвижностите. Обемот и континуитетот на кинеското купување сега е клучен двигател на глобалните цени на златото и очекуваме тој тренд да продолжи сè додека трае неизвесноста околу економскиот раст и геополитиката.

Институционалното купување злато продолжува да биде најзначајниот фактор за растот на цените на глобалниот пазар. Инвеститорите сакаат да поседуваат реални средства по секоја цена, пренесува Б92.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано