Иранската влада формираше агенција за проверка и оданочување на бродовите што сакаат да поминат низ Ормуската Теснина, соопшти американската фирма за податоци за превозот „Лојдс Лист Интелиџенс“.
Агенцијата, наречена Управа за преминот во Персискиот Залив, се позиционира како единствен валиден орган што може да даде дозвола на бродовите што минуваат низ теснецот, пренесуваат медиумите во светот.
Обидот на Иран да ја формализира контролата врз каналот предизвика нови загрижености во врска со меѓународниот превоз, бидејќи стотици комерцијални бродови се заробени во Персискиот Залив и не можат да стигнат до отворено море.
Иран го затвори Ормускиот поморски премин, витален воден пат за транспорт на нафта, гас, ѓубрива и други нафтени производи, додека САД ги блокираат иранските пристаништа, пренесува Н1.
Фото Економија и бизнис








