ГЕРМАНИЈА ЈА НАМАЛУВА КВОТАТА ЗА РАБОТНИЦИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Германската влада одлучи ја намали квотата за работници од Западен Балкан од 50.000 на 25.000 лица годишно, иако недостига квалификувана работна сила. Владата ја правда одлуката со зголемената невработеност  во земјата.

Германската владина коалиција ја потврди  таканаречената Регулатива за Западен Балкан. Таа досега им овозможуваше на работници од земјите од Западен Балкан кои не се членки на Европската Унија полесно да дојдат на работа во Германија.

Овој потег, кој беше најавен и во коалицискиот договор, се правда со „времиња на растечка невработеност“. Очигледната логика зад него е: да се намали бројот на странски работници за да не им ги одземаат работните места на Германците. Сепак, засега нема докази дека тоа навистина се случува.

Регулативата за Западен Балкан досега им  овозможуваше на 50.000 лица годишно од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија да дојдат во Германија на работа. Сега оваа горна граница, од почетокот на 2027 година треба да се намали на 25.000 лица годишно.

Нема промени во останатите услови: заинтересираните и понатаму ќе треба само да поседуваат понуда за работа, без дополнителни барања во однос на видот на професијата или квалификациите.

За имигрантите од други држави надвор од ЕУ, пак, покрај понудата за работа се бара и признаена квалификација или релевантно работно искуство. Во последните години, преку таканаречената „Карта на можности“ и со исполнување на одредени услови, како познавање јазик, можно е и доселување без претходно обезбедено работно место, објави Дојче веле.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано