ГЕРМАНИЈА ГО ЗГОЛЕМУВА ДАНОКОТ НА ТУТУН, ЦИГАРИТЕ ЌЕ ЧИНАТ ДО 14 ЕВРА

Цигарите ќе поскапат во Германија во наредните години, откако парламентот го усвои амандманот на законот со кој постепено се зголемува данокот на тутун.

Цената на пакет од 20 цигари, која сега е во просек малку повеќе од осум евра, ќе се зголеми на малку помалку од 12 евра до 2030 година, пишува ДПА.

Цигарите од познати брендови би можеле да чинат до 14 евра. Поради промената на законот,  ќе поскапат и тутунот за рачно виткање цигари, продажбата на пури, цигарилоси, тутун за наргиле и течности за е-цигари.

Владата очекува дополнителни даночни приходи од околу 12 милијарди евра за четири години. Се предвидува дополнителни 1,5 милијарди евра во 2027 година, а дури и 4,5 милијарди во 2030 година.

Минатата година, владата заработи 17,6 милијарди евра од данокот на тутун.

Тутунската индустрија, сепак, се сомнева во проектираното зголемување на даночните приходи. Постои опцијата пушачите да се свртат кон црниот пазар.

Во Германија 9 проценти од жителите над 15 години се пушачи. Околу 14 проценти пушат редовно, а пет проценти повремено.

Во Германија, околу 131.000 луѓе починале во 2023 година од болести поврзани со тутунот, според податоците од Германскиот центар за истражување на ракот, пренесува Н1.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано