Западен Балкан станува сè поважен за француската економска и политичка стратегија, а Франција сака да ги продлабочи односите со земјите од регионот, изјави Кристоф Пети, претседател на Француско-македонскиот деловен совет во рамките на МЕДЕФ Интернасионал, во интервју за Економија и бизнис
Тој оценува дека историски француските компании биле помалку присутни на Балканот од германските, австриските или италијанските, но дека тоа брзо се менува благодарение на поддршката од француската држава и на иницијативите на претседателот Емануел Макрон.
„Франција разбира дека земјите од Западен Балкан припаѓаат на Европа. Постои силен поттик тие да се доближат до Европската Унија и да се зајакнат економските врски со регионот“, вели Пети.
Според него, Франција веќе реализира меѓувладини проекти со Србија, Албанија и Црна Гора, а слична иницијатива е понудена и на Македонија.
Целото интервју можете да го прочитате на ЛИНКОТ








