Извозната компонента на Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп (ФМТКП), која започна во 2023 година, до крајот на 2025 година порасна повеќекратно, што ја потврдува конкурентноста на локалното производство на меѓународните пазари, вели генералниот директор на компанијата, Миљан Жарковиќ, во интервјуто за Економија и бизнис.
Според него, стратешкото партнерство меѓу Филип Морис Интернешнл и Тутунскиот комбинат Прилеп придонесе за модернизација на производствените процеси, воведување повисоки стандарди и вклучување на компанијата во пошироки регионални и меѓународни производствени текови.
„Денес зборуваме за компанија поставена врз здрава основа, со позитивни резултати и јасна перспектива“, истакнува Жарковиќ.
Тој посочува дека работењето на компанијата има пошироко економско значење, преку поддршката на над 700 работни места, континуираните инвестиции, поттикнувањето на извозот и придонесот кон јавните приходи.
Според Жарковиќ, комбинацијата на локалната традиција, меѓународното знаење и модерните производствени стандарди создава долгорочна вредност за компанијата, Прилеп и македонската економија.
Целото интервју можете да го прочитате на ЛИНКОТ








