Жарковиќ: Иновациите и технологијата се клучни за трансформацијата на ФМТКП

Иновациите, научните истражувања и технолошкиот развој се меѓу клучните столбови на трансформацијата на Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп (ФМТКП), кој во следната фаза од развојот ќе продолжи да се приспособува на глобалните промени во индустријата, вели генералниот директор Миљан Жарковиќ, во интервјуто за Економија и бизнис.

Како еден од најважните чекори во досегашниот развој, тој го издвојува лансирањето на IQOS на македонскиот пазар, кое, според него, означило промена во пристапот кон категоријата производи и поголем фокус на науката, технологијата и информирањето на полнолетните пушачи.

Компанијата продолжи со проширување на понудата и со претставувањето на никотинските ќесички ZYN, достапни на домашниот пазар од 2025 година.

„Оваа трансформација не е само комерцијална, туку пред сè научна и технолошка“, посочува Жарковиќ, нагласувајќи ја важноста на научно заснованите информации и одговорната комуникација за производите без чад.

Тој додава дека во наредниот период посебно внимание ќе се посвети на иновациите, дигитализацијата, технолошката модернизација и унапредувањето на знаењата и вештините на вработените, како предуслови за долгорочна конкурентност.


Целото интервју можете да го прочитате на ЛИНКОТ

Повеќе од истиот автор

Најчитано