Податоците на Евростат покажуваат значително зголемување на вложувањата на албанските граѓани во странство, главно во недвижности.
-Овие инвестиции достигнаа околу 760 милиони евра, што е значително повисоко ниво во споредба со претходните години. Статистиката за странски директни инвестиции вклучува и купување на недвижности од страна на поединци во странство, што го одразува движењето на капиталот кон странските пазари, објавија албанските медиуми.
Во меѓувреме, домашниот пазар бележи забавување на продажбата на недвижности. Иако градежништвото продолжува со високо темпо, побарувачката за купувања е намалена, што резултираше со помалку трансакции во споредба со претходните години.
Експертите го припишуваат овој развој на настаните на неколку фактори, како што се зголемувањето на цените на становите во Албанија, побарувачката за побезбедни инвестиции во странство, емиграцијата и меѓународните економски врски. Јакнењето на лекот во однос на еврото, исто така, игра важна улога, правејќи го купувањето недвижности во странство подостапно.








