Европските берзи во благ пораст, нафтата Брент над 91 долар во пресрет на податоците за инфлацијата во САД

Европските берзански индекси денеска претежно бележат благ раст, додека цената на нафтата Брент се искачи над 91 долар за барел. Инвеститорите внимателно ги очекуваат новите податоци за инфлацијата во САД, кои треба да бидат објавени попладнево.

Според берзанските податоци, американската сурова нафта WTI поскапе за 0,21 проценти на 88,36 долари за барел, додека Брент достигна цена од 91,69 долари. Истовремено, германскиот DAX, францускиот CAC 40 и британскиот FTSE 100 забележаа раст, додека рускиот индекс MOEX беше во минус.

Пазарите се фокусирани и на претстојната одлука на Европската централна банка за каматните стапки. Аналитичарите очекуваат ЕЦБ оваа недела повторно да ги зголеми стапките поради засилените инфлациски притисоци во еврозоната.

Повеќе од истиот автор

Најчитано