Потрагата по критични и стратешки минерали станува приоритет за европските земји. Најдобар пример е Андалузија, каде во моментов се спроведуваат 73 геолошки истражувања за 27 минерали потребни за европската индустрија.
Рударството веќе има значителен удел во економијата на регионот. Андалузија создава околу 90% од вредноста на металното рударство во Шпанија, со годишно производство над 1,2 милијарди евра и повеќе од 8.000 вработени.Македонија има поинаква слика. Нов метален рудник не е отворен повеќе од четири децении, а инвестициите во секторот се ограничени. Единствениот поголем проект за критичен минерал е Иловица–Штука, наоѓалиште со потврден потенцијал за производство на бакар.
Според најавите, во првите две години во проектот би биле вложени околу 350 милиони евра, а во фазата на изградба би се отвориле околу 1.000 директни работни места.За време на работењето се предвидуваат околу 500 директни работни места, додека дополнителни 2.700 би биле создадени индиректно во поврзани дејности.
Додека Андалузија истражува за да најде нови резерви, Македонија сè уште чека да го стави во функција ресурсот што веќе го има потврдено.Додека кај нас се регистрираат негативни тенденции во рударството, покраинската влада во Андалузија информира дека се проучуваат вкупно педесет минерали, од кои 27 се на листата на критични суровини на ЕУ. Министерот за енергетика, индустрија и иновации, Хорхе Парадела тврди дека Андалузија е клучна рударска сила за иднината на Европа и дека реактивирањето на геолошките истражувања ја покажува посветеноста на властите во Андалузија кон уреден и планиран развој на нејзиното геолошко наследство.
Меѓу рудите коишто се испитуваат се бакарот, магнезиумот, бизмутот и арсенот, кои се неопходни за електрификацијата, електронската, автомобилската, челичната и фармацевтската индустрија. На нив им се придружуваат литиумот, кобалтот и никелот, клучни компоненти во батериите за електрични возила, како и ретките земни елементи, неопходни во ветерниците и електронските уреди. Регионалното министерство соопшти дека тие го усогласуваат регионот со европските политики за критични суровини, за да се намали надворешната зависност на Унијата.73-те активни дозволи опфаќаат 80 општини и се распределени меѓу осумте провинции. Хуелва води со 38 дозволи, Севиља има дванаесет, Кордоба осум; Алмерија и Хаен по шест, а Кадиз, Гранада и Малага по една дозвола. Како што пишуваат локалните медиуми, оваа распределба ја потврдува важноста на Иберискиот пиритски појас, една од најголемите области во светот со полиметални масивни сулфиди. Регионот веќе има два проекта класифицирани како стратешки проекти на Европската Унија и поддржани од Регионалното министерство. Едниот е „Циркулар-Атлантик Бакар“, кој ја позиционира општината Хуелва на чело на ископот на метали со поддршка од 7,6 милиони евра, а вториот проект е постројка за преработка на бакар „Лас Крусес“, со 3,44 милиони евра помош.
Како што додаваат локалните медиуми, рударството во покраината коегзистира со земјоделството и туризмот и придонесува во економијата како еден од најстабилните извори на приход во регионот, а сегашниот потенцијал лежи во откритието на нови резерви на бакар, литиум и ретки земни елементи. Според анализата, прашањето не е дали има недостаток на минерали, туку колку брзо секое откритие се трансформира во стабилен и еколошки здрав проект. Објавата надедува дека усогласувањето со Директивата за критични материјали на ЕУ, претставува за регионот историска можност за намалување на својата зависност од трети страни и да воспостави сопствена развиена индустрија.
(комерцијален текст)








