ЕУ инвестира 20 милијарди евра во вештачка интелигенција, Македонија добива стратешка улога преку „Везилка“

Европската Унија започнува амбициозен план за развој на вештачката интелигенција, вреден 20 милијарди евра, со цел да изгради најмалку пет големи центри за ВИ и да ја намали зависноста од технолошките гиганти од САД и Кина.

Во овој процес Македонија добива стратешко место преку Националниот центар за вештачка интелигенција „Везилка“, кој функционира како официјална „ВИ-антена“ поврзана со грчкиот суперкомпјутер „Фарос“. Центарот е кофинансиран од Европската Унија и од национални средства.

Според анализите, предизвикот за земјата ќе биде „Везилка“ да не остане само академски проект, туку да стане двигател на дигитализацијата и автоматизацијата на јавната администрација и на домашната економија. Поширокиот контекст на европскиот Патоказ „Една Европа, еден пазар“ и неговите импликации за Македонија се обработени во главната анализа.


Целата анализа за европскиот Патоказ „Една Европа, еден пазар“ и можностите што ги отвора за Македонија во услови на новата геополитичка и економска реалност, прочитајте ја на следниот ЛИНК

Повеќе од истиот автор

Најчитано