Вчера и денес во Битола се одржа дводневен едукативен камп за лица со дијабетес тип 2, во организација на Здружението на дијабетичари на Општина Битола, со поддршка на Сојузот на дијабетес на Македонија и Бимилк. Кампот обедини здравствени професионалци, нутриционисти, психолози и лица кои живеат со дијабетес, со цел преку едукација, размена на искуства и практични совети да се придонесе кон подобра контрола на дијабетесот како и за поквалитетен живот.
Во текот на двата дена беа обработени повеќе значајни теми поврзани со современиот пристап во третманот на дијабетесот, меѓу кои правилната терапија, редовната контрола на шеќерот во крвта со помош на сензори, здравата исхрана, физичката активност, психолошката поддршка и превенцијата и третманот на дијабетичнатаневропатија.
Во рамките на кампот, посебно внимание беше посветено на улогата на функционалната исхрана и здравите прехранбени навики кај лицата со дијабетес и на важноста на здравата цревна микрофлора и нејзиното влијание врз целокупното здравје. Како дел од програмата, проф. д-р Борис Ангелков одржа стручно предавање на тема „Филозофијата на кефирот – кога цревата се среќни и расположението е подобро“, посветено на кефирот и неговото место во современите нутритивни препораки.
Присутните имаа можност да се запознаат со портфолиото Баланс+, наменето за потрошувачи кои се стремат кон балансирана исхрана и здрав начин на живот. Посебен акцент беше ставен на Баланс+ Кефир, ферментиран млечен производ со пет млечни култири и кефирни култури и неговата улога во одржувањето на здравата цревна микрофлора. Во рамки на предавањето беа презентирани и придобивките од кефирот како дел од разновидна и избалансирана исхрана, особено во контекст на сѐ поголемиот интерес за поврзаноста помеѓу дигестивното и целокупното здравје.
„Особена благодарност упатуваме до Бимилк за поддршката што ја обезбеди во реализацијата на едукативниот камп за лицата со дијабетес тип 2. Ваквите партнерства меѓу здравствените здруженија, стручната јавност и општествено одговорните компании се од особена важност за унапредување на здравствената едукација, подигнување на свеста за дијабетесот и обезбедување подобра поддршка за лицата кои живеат со оваа болест. Поддршката на Бимилк претставува пример за заедничка посветеност кон промоција на здрави животни навики и подобар квалитет на живот на лицата со дијабетес“, изјавија од Здружението на дијабетичари на Општина Битола.
Во вториот ден од кампот се зборуваше за важноста на физичката активност, беа споделени практични совети за секојдневното справување со дијабетесот, и беше истакната улогата на семејната поддршка и влијанието на менталното здравје врз контролата на болеста. Настанот заврши со доделување сертификати на учесниците и со пренесување порака дека знаењето останува една од најсилните алатки во превенцијата и контролата на компликациите од дијабетесот.
Преку ваквите активности, Здружението на дијабетичари на Општина Битола и Бимилк продолжуваат да придонесуваат кон подигнување на свеста за важноста на здравите животни навики и континуираната едукација како основа за подобар и поквалитетен живот на лицата со дијабетес.








