Дигиталните плаќања растат, а Мастеркард и Стопанска банка најавуваат нови дигитални решенија

Електронските плаќања во Македонија постојано растат, а вредноста на електронските и картичните трансакции се зголемува побрзо од повлекувањето готовина, вели во интервју за Економија и бизнис, Бартож Циолковски од Мастеркард, во контекст на новото партнерство со Стопанска банка.

„Тоа претставува јасен показател за структурни промени во навиките и однесувањето на клиентите“, посочува Циолковски, додавајќи дека потенцијалот за натамошен развој останува значителен.

Според него, партнерството со Стопанска банка треба да придонесе за понатамошно унапредување на дигиталните плаќања и корисничкото искуство. Следната фаза од дигитализацијата, како што оценува, подразбира пошироко прифаќање на дигиталните плаќања кај трговците, понапредни дигитални банкарски услуги и поразвиен екосистем за електронска трговија.

Во тој процес, особено значајно е малите бизниси целосно да се вклучат во дигиталната економија, а банките, трговците, регулаторите и технолошките компании да продолжат со заедничка работа на забрзување на дигиталната трансформација.


Целото интервју можете да го прочитате на ЛИНКОТ

Повеќе од истиот автор

Најчитано