ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА делови од Гази Баба и Илинден

Во периодот од 08:40ч до 10:40 часот без електрична енергија ќе биде селото Мралино во општина Илинден поради работа на 10kw далновод, а во период од 12 до 15 часот дел од улицата „Благоја Стефковски“ и улицата „Анри Барбис“ поради работа во ТС Маџари 8 во општина Гази Баба.

Во периодот од 08:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат улиците „Ордан Чопела“ и „Иван Наумов Алабакот“ во општина Гази Баба поради чистење и проверка на расклопна опрема и долевање на масло во кабловските глави и трансформаторот, информираат од ЕВН.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано