СРБИЈА СО ПОВИСОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО ТРЕТИОТ КВАРТАЛ

Реалниот раст на бруто домашниот производ (БДП) на Србија во третиот квартал од оваа година во споредба со истиот период од претходната година изнесуваше четири проценти, објави Републичкиот завод за статистика во редовната прелиминарна проценка.

Растот на БДП на Србија во првиот квартал изнесуваше 3,2 проценти, а во вториот 3,8 проценти.

Во проекциите за државниот буџет за 2026 година се предвидува годишен раст на БДП од три проценти.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано