Ingram Micro вчера во Скопје го организираше „Dell Play: Turn Up The Future“, настан наменет за решенијата на Dell Technologies. Пред партнерите и клиентите од Македонија и Косово беа претставени најновите решенија за вештачка интелигенција, складирање и управување со податоци и модерни дата центри, како и придобивките од партнерската програма на Dell.
Настанот го отворија Александар Нешковски, Менаџер за развој на бизнисите за DELL EMC во Ingram Micro, и Игор Грајф, Менаџер за односи со клиенти за регионот на Централна и Источна Европа и Адриатик во Dell Technologies.
„Вештачката интелигенција и податоците веќе не се тема на иднината, туку предизвик со кој компаниите се соочуваат денес. Со настанот сакавме на едно место да ги собереме партнерите, клиентите и експертите на Dell и да информираме како најновите технологии можат да се претворат во конкретни деловни резултати. Ingram Micro останува сигурен партнер на тој пат.“, изјави Нешковски.
„Македонскиот пазар покажува сè поголем интерес за решенија што ја поддржуваат дигиталната трансформација и вештачката интелигенција. Преку силната соработка со Ingram Micro и локалните партнери, Dell Technologies е тука да им помогне на компаниите да ги искористат можностите што ги носи новата технолошка ера“, изјави Грајф.
Гоце Јанкуловски, регионален менаџер за Централна и Источна Европа во Dell Technologies, ги претстави Dell AI Data Platform и објектното складирање ObjectScale X7700.
„Dell AI платформите за податоци и ObjectScale X7700 им помагаат на компаниите и институциите да изградат скалабилна и отпорна основа за вештачка интелигенција. Овие иновации им овозможуваат на компаниите да управуваат со растечките количини податоци и да ги претворат во вистинска деловна вредност преку новата генерација вештачка интелигенција“, истакна Јанкуловски.
„Партнерската програма на Dell им нуди на партнерите вредни придобивки, можности за попусти и ресурси што го забрзуваат растот и ги зајакнуваат односите со клиентите. Работејќи заедно, партнерите можат да остварат поголема вредност, заеднички успех и посилна иднина“, потенцираше Мариела Икономова, Channel Manager за Бугарија, Албанија, Кипар, Косово и Северна Македонија во Dell Technologies за Централна и Источна Европа, која ја одржа презентацијата „Partner Advantage: Unlocking More Value“.
Во завршниот дел, Виктор Наср, регионален менаџер за решенија за неструктурирани податоци во Dell Technologies, говореше за концептот на модерен дата центар.

„Dell е најдобриот партнер за справување со предизвиците во неизвесни времиња, партнер на кој можете да се потпрете за поддршка и за брзо закрепнување на деловното работење кога тоа ви е најпотребно. Во услови на растечки трошоци, нудиме решенија што ја зголемуваат ефикасноста, овозможуваат консолидација на ИТ-инфраструктурата и го намалуваат обемот на податоци за складирање. Така им помагаме на компаниите да ги оптимизираат ресурсите и да обезбедат континуитет во работењето“, заклучи Наср.
„Dell Play: Turn Up The Future“ заврши со нетворкинг, каде што учесниците разменија искуства со тимовите на Ingram Micro и Dell Technologies и разговараа за можностите за понатамошна соработка.
Dell Technologies е светска технолошка компанија која нуди решенија за инфраструктура, податоци, вештачка интелигенција, складирање и дигитална трансформација. Ingram Micro е глобален лидер во дистрибуција на ИТ-технологии и решенија, кој ги поврзува производителите, партнерите и клиентите и го поддржува нивниот дигитален развој.
Dell Technologies и Ingram Micro преку својата долгорочна соработка им овозможуваат на партнерите и клиентите пристап до современи ИТ-решенија и експертиза во областа на вештачката интелигенција, податоците, инфраструктурата и дигиталната трансформација.








