Италијанската премиерка Џорџa Мелони денес ги критикуваше плановите за реновирање на една од главните згради на Европската Унија во Брисел, која треба да чини 800 милиони евра.
Мелони истакна дека Брисел треба да даде добар пример кога станува збор за јавните трошоци, особено додека продолжуваат напнатите преговори за долгорочниот буџет на ЕУ.
„Исто така, треба да испратиме јасна порака во врска со административните трошоци“, изјави премиерката на Италија пред новинарите на маргините на неформалниот самит на ЕУ во Никозија, објави бриселскиот портал Политико.
Таа додаде дека не е можно да се предложи реновирање на седиштето на Советот на ЕУ, кое чини 800 милиони евра, бидејќи тоа е нешто што, како што изјави, Италија не може да си го дозволи, а во исто време ќе испрати погрешна порака до граѓаните.
Фото Економија и бизнис






