„Бизнисот за добри нешта“ ги отвора пазарите на идниот економски раст

Решавањето на глобалните предизвици како чистата енергија, циркуларната економија, водата, храната, здравството и одржливите градови станува една од главните насоки на идниот економски раст, оценува Марга Хоек во интервјуто за „Економија и бизнис“

„Бизнисот за добри нешта е добар бизнис“ не треба да се сфаќа како филантропија, туку како бизнис-модел, објаснува таа. Според Хоек, компаниите треба да се прашуваат кој општествен или еколошки проблем можат да го решат и како тоа истовремено може да биде профитабилно и да создава вредност.

Таа како примери ги посочува чистата енергија, циркуларната економија и енергетската ефикасност, кои истовремено ги намалуваат трошоците, ги намалуваат ризиците и отвораат нови пазари.

Хоек смета дека ова е особено важно за Северна Македонија, каде што економијата во голем дел се потпира на малите и средните претпријатија и е тесно поврзана со европските пазари.

„Одржливоста не е ограничување за бизнисот. Таа е призма низ која се гледаат иновациите, инвестициите, продуктивноста и создавањето нови пазари“, вели Хоек.


Целото интервју пролитајте го на ЛИНКОВ

Повеќе од истиот автор

Најчитано