Денес во Белград претседателот на Стопанската комора Бранко Азески учествува на конференција и основачки состанок на производната „ Adriatic Private Label Producer Group “ во организација на Adriatic Business Academy, Стопанската комора на Северна Македонија и IPLC – International Private Label Consult (меѓународен консалтинг за приватни марки) . На настанот предводен и поддржан од претседателот Азески, присуствуваат и претставници од македонските компании Алкалоид АД Скопје, Комфи Ангел, Lутхман Баклунд Фудс Продакшн (Luthman Backlund Foods) и ВИВАКС ДОО Скопје.
Оваа конференција и производна група ќе се обиде да ги обедини потенцијалот, искуството и капацитетите на производителите од регионот и под професионално водство на искусни експерти од IPLC – меѓународната асоцијација за приватна марка (Malachy O’Connor од IPLC од Ирска), да ја зголемат својaта конкурентност, да добијат нови купувачи и можности за поголем извоз. Посебна вредност на оваа иницијатива претставува поддршката од IPLC (International Private Label Consult) и нивните консултанти, кои со своето меѓународно искуство, познавање на пазарот на приватни трговски марки и контакти можат да им помогнат на производителите на приватни марки да ја унапредат својата понуда и да развијат соработка со нови купувачи.
Станува збор за креирање регионална организација за чие воспоставување денеска во Белград компаниите ќе работат тимови од компании присутни на настанот. Во рамките на активностите на групата, настанот ќе биде со посебен фокус на:
- Подготовка и поддршка во преговорите со купувачите, преку подобро разбирање на нивните барања и очекувања;
- Унапредување на понудата и претставувањето на производствените капацитети;
- Размена на искуства и развој на соработката меѓу производителите од регионот.
Настанот претставува можност за размена на искуства, мислења и идеи, како и за разговор за потребите и развојните потенцијали на компаниите.
Стопанската комора во следниот период ќе биде силно насочена за поддршка на македонските компании за зголемување на нивните можности за извоз и преку овој бизнис модел на приватна марка. Поддршката ќе се однесува на овозможување на нивна професионална едукација и поврзување со потенцијални клиенти, добавувачи и соработници.








