По повод Светскиот ден на предвреме родените бебиња, кој годинава се одбележува под мотото „Мали бебиња, голем потенцијал. Инвестирајте во континуирана грижа за да ја заштитиме нивната иднина!“, во Министерството за здравство ќе се одржи прес-конференција на која ќе бидат презентирани најновите статистички податоци и информации поврзани со предвременото раѓање.
На прес-конференцијата, закажана во 12:30 часот во просториите на Министерството за здравство, ќе се обратат министерот за здравство, Сашо Клековски, директорката на ГАК, Ирена Алексиоска Папестиев, и раководителката на Одделот за интензивна нега и терапија при ГАК, Елизабета Петковска.
Според организаторите, во земјава годишно се раѓаат меѓу 600 и 700 предвреме родени бебиња, а целта на одбележувањето е да се потенцира значењето на навремената медицинска грижа, следењето на развојот и обезбедувањето услови за поквалитетен живот на овие деца.
Фото Економија и бизнис








