УТРОТО НА 28 АВГУСТ СО  НЕБЕСНИОТ ФЕНОМЕН „КРВАВА МЕСЕЧИНА“

Во раните утрински часови на 28 август, ќе може да се проследи импресивен небесен феномен, кога Месечината, од нејзиното вообичаена издание, постепено ќе се претвори во темна, црвеникава сфера, што луѓето  ја опишуваат како „Крвава Месечина“. Во античко време, ваквите појави се сметале за лош знак и биле поврзани со претстојни катастрофи, војни или големи […]

(ДО)ИЗГРАДБА НА  АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-БЛАЦЕ,  делницата ќе има  5  тунели и 8 моста

Почнаа градежните активности за втората фаза од автопатот Скопје – Блаце во должина од 10,5 километри, која треба да биде готова за четири години и да се спои со веќе изградените 1,5 километар автопат во близина на ГП Блаце. На автопатот ќе има 5 тунели, 8 моста, 11 потпатници, 4 галерии и 9 потпорни ѕидови. […]

ТРИДНЕВЕН ПАД НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА, падна и цената на златото

Цената на нафтата Брент паѓа три дена по ред и достигна 86 долари за барел, по најавата за договор меѓу Иран и Оман за Ормуската Теснина, што ќе овозможи безбедно поминување на танкери за нафта. Цената на нафтата Брент падна за 2,53 проценти на 86.330 долари за барел во 9:30 часот наутро, а цената на […]

МАНАСТИРОТ МАТКА се подготвува за празникот Успение на Пресвета Богородица

Во петок православните христијани го одбележуваат еден од најголемите празници денот на Успението на Пресвета Богородица. Одбележувањето на празникот во манастирот кај Матка посветен на Успението на Пресвета Богородица започнува на 27 август со вечерната литургија, а потоа се одржува сеноќно бдение. Утрото на 28 август Божествената литургија по повод празникот започнува во 8:30 часот, […]

Денеска поставување на камен-темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на поставувањето камен-темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. Изведувач на автопатот со должина од 10,5 километри, во вредност од 222 милиони евра, е градежната компанија  „Гранит АД Скопје“ која треба да го заврши за четири години. Делницата треба да се спои со веќе изградените 1,5 […]

ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА Е  ПООТПОРНА НА ЕНЕРГЕТСКИОТ ШОК ОД ВОЈНАТА ВО ИРАН, но ризиците за економските перспективи се повеќе насочени кон негативни сценарија, изјави Кристалина Георгиева

Светската економија се справи со енергетскиот шок предизвикан од војната во Иран подобро од очекуваното, изјави денес директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева. Сепак, таа истакна дека влошувањето на фискалната состојба во одредени земји, растот на приносите на државните обврзници и стагнацијата во процесот на намалување на инфлацијата се причина за загриженост. На […]

ЗАГИНАА 15 БЕБИЊА ВО ПОЖАР ВО ПАКИСТАНСКА БОЛНИЦА

Најмалку 15 бебиња загинаа во пожар што избувна во болница во Исламабад, објави локалната телевизија. Пожарот избувна во болницата на Пакистанскиот институт за медицински науки (PIMS), а според Geo TV, тој бил предизвикан од дефект во системите за климатизација. Во моментот на пожарот на гинеколошкото одделение имало 16 новороденчиња, од кои едно било спасено. Според […]

ЛИТАР ДИЗЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА ДОСТИГНА МАКСИМАЛНА ЦЕНА ОД 1,90 ЕВРА, дизелот би чинел над две евра ако немаше ослободување за плаќање еколошка такса

Цената на дизелот во Словенија за прв пат ќе надмине 1,90 евра. Претходната највисока цена беше во неделата од 8 до 13 април, кога литар дизел чинеше 1,894 евра. Владата не ги промени акцизите, кои веќе се на најниското дозволено ниво за дизел гориво. Акцизата за литар бензин од 95 октани беше утврдена на 0,41759 […]

КАНАДА ВОЗВРАТИ СО КОНТРАЦАРИНИ ЗА УВОЗОТ ОД САД, на удар американскиот челик и алуминиум

Канада објави дека воведува возвратни тарифи против Соединетите Американски Држави, кои се изедначуваат со тарифите од 50% што претседателот Доналд Трамп ги воведе во текот на викендот по прекинот на трговските разговори. Новите тарифи на Отава опфаќаат повеќе од 700 американски производи во вредност од околу 20 милијарди долари, што ја отсликува големината на најновите […]

ФЕДЕРАЛНИТЕ РАСХОДИ НА ГЕРМАНИЈА ПОВИСОКИ ОД ПРИХОДИТЕ, германскиот дефицит за шест месеци ја надмина границата утврден со Мастришкиот критериум

Вкупниот дефицит на државната сметка Германија за првите шест месеци од 2026 година изнесува 71,3 милијарди евра, што е за 36,6 милијарди евра повеќе во однос на истиот период минатата година, објави денес Германскиот федерален завод за статистика (Дестатис). Во однос на економското производство, дефицитот на државата, покраините, општините и системот за социјално осигурување во […]