Најмалку 15 бебиња загинаа во пожар што избувна во болница во Исламабад, објави локалната телевизија.
Пожарот избувна во болницата на Пакистанскиот институт за медицински науки (PIMS), а според Geo TV, тој бил предизвикан од дефект во системите за климатизација.
Во моментот на пожарот на гинеколошкото одделение имало 16 новороденчиња, од кои едно било спасено.
Според спасувачките служби, пожарот избувнал околу 7 часот наутро. Можна причина е експлозија на компресор за климатизација во собата каде што биле бебињата. Противпожарните и спасувачките екипи брзо пристигнале на местото на настанот и по интервенцијата го ставиле пожарот под контрола.
Според локалните извештаи, во моментот на пожарот во собата имало 16 новороденчиња, пренесува РТС.
Фото Економија и бизнис








