ДОЛГИТЕ ЧЕКАЊА НА АЕРОДРОМИТЕ И НОВИТЕ ГРАНИЧНИ ПРАВИЛА НА ЕУ МОЖАТ ДА ГО НАМАЛАТ ТУРИСТИЧКИОТ ПРОМЕТ ЗА 45 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, предупредуваат од Светскиот совет за патувања

Воведувањето на новиот европски систем за влез и излез, познат како EES, би можело да донесе сериозни последици за европскиот туризам ако е придружено со долги чекања на границите. Продолжените одложувања би можеле да одвратат десетици милиони патници од посетата на Шенген зоната, предупреди Светскиот совет за патувања и туризам. Продолжените чекања на европските граници, […]
ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА БЕНЗИНОТ ПРЕДИЗВИКАА ФИНАНСИСКИ ПОТЕШКОТИИ ЗА АМЕРИКАНЦИТЕ

Високите цени на бензинот предизвикаа финансиски тешкотии за две третини од Американците, при што повеќето возат помалку и ги менуваат плановите за летен одмор, покажаа резултатите од анкетата на Галуп во четврток. Дури 67 проценти од испитаниците рекле дека скапиот бензин предизвикува финансиски тешкотии за нивното домаќинство, при што 17 проценти од нив го оцениле […]
Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини

Македонија и Албанија денеска ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини, најави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Со ова, како што истакна Тошковски во отчетот за сработеното, се заокружува системот One Stop со сите соседни земји надвор од Шенген зоната, по премините со Србија и Косово. -Денеска потпишуваме договор со Република Албанија за […]
ТРАМП ГО ПРЕТСТАВИ НОВИОТ ПАСОШ ЗА 250-ГОДИШНИНАТА НА САД, НО СО НЕГОВИОТ ЛИК, содржи и порака

Американскиот претседател Доналд Трамп претстави нов изглед на пригодниот американски пасош со негов лик. Станува збор за пасош во ограничено издание кој ја одбележува овогодишната 250-годишнина од основањето на Соединетите Американски Држави. „Нов американски пасош на кој пишува: „Добредојдовте, но бидете добри““, објави Трамп на својата социјална мрежа. Заедно со објавата, тој прикачи и примерок […]
ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ИЗРЕЧЕНИ 120.000 СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ, министерот Тошковски задоволен од сработеното во две години

Камерите од проектот „Безбеден град“ за пет месеци регистрирале 120.000 сообраќајни прекршоци. Ова денеска го кажа Панче Тошковски на отчетот за неговото двегодишно раководење со Министерството за внатрешни работи. „Од 1 февруари, кога стартуваше примената на ‘Безбеден град‘, регистрирано е намалување на сообраќајните несреќи за околу 40 проценти, односно загинале 34 лица, наспроти 55 за […]
ЛЕТОВО ЕВРОПА БИ МОЖЕЛА ДА ГО НАДМИНЕ ТЕМПЕРАТУРНИОТ ПРАГ ОД 50 СТЕПЕНИ, предупредување на француски климатолог

Францускиот климатолог Кристоф Касу денес предупреди дека прагот од 50 степени би можел да се достигне во Европа во наредниот период, наведувајќи дека повеќе не е прашање дали такво сценарио е можно, туку кога ќе се случи. Касу, директор за истражување во францускиот Национален центар за научни истражувања (CNRS), изјави за телевизијата BFM дека ризикот […]
САД СЕ НАЈГОЛЕМ ДОБАВУВАЧ НА СУРОВА НАФТА И ТЕЧЕН ГАС ЗА ЕУ

Вредноста на увозот на сурова нафта во Европската Унија се зголеми за 0,8 проценти во споредба со просечното месечно ниво од 2025 година, додека физичкиот обем на увозот се намали малку за 0,6 проценти, објави денес Евростат. Според податоците на Европскиот завод за статистика, Соединетите Американски Држави останаа најголем единствен добавувач на сурова нафта во […]
МАКЕДОНИЈА Е НАЈЕВТИНА ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ГЕРМАНСКИТЕ ГРАЃАНИ, анализа на германскиот завод за статистика

Внимателниот избор на дестинација може да донесе значителни заштеди за време на одморите, а како што пишува списанието „Феникс“, повикувајќи се на податоци од германскиот Федерален завод за статистика (Дестатис), најголемите заштеди во моментов ги нудат земјите од Југоисточна и Источна Европа. На врвот на листата на најприфатливи дестинации е Македонија, каде што хотелскиот смештај […]
ПОРАДИ ЖЕШТИНАТА ЕВРОПСКИТЕ СИНДИКАТИ БАРААТ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПАУЗИ ЗА РАЗЛАДУВАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ, во ЕУ има зголемување на смртните случаи од 42 проценти поврзани со топлината на работното место

Работодавaчите треба да се инспирираат од паузите за разладување на фудбалерите на тековното Светско првенство во ФИФА и да соработуваат со синдикатите за да им дадат на сите работници право на платени паузи, како и вода, сенка и тоалети – како дел од низа заштитни мерки потребни за безбедноста на работниците во жештината, соопшти денес […]
ХРВАТСКА ИМА МОДЕЛ НА „ЛОТО ЕКОНОМИЈА“, се претвори во земја што увезува сè, од игли до локомотиви, смета политичкиот аналитичар Милардовиќ

Политичкиот аналитичар Анѓелко Милардовиќ оцени дека Хрватска има модел на „лото економија“ и предупредува на ограничениот енергетски и економски суверенитет на земјата. Основачот на Меѓународниот енергетски форум INTERENEF, кој ќе се одржи во Загреб на 13 октомври, нагласи дека енергијата е клучот за безбедноста, пишува N1. Милардовиќ ја опиша енергијата како основа на моќта во […]