Американскиот претседател Доналд Трамп претстави нов изглед на пригодниот американски пасош со негов лик. Станува збор за пасош во ограничено издание кој ја одбележува овогодишната 250-годишнина од основањето на Соединетите Американски Држави.
„Нов американски пасош на кој пишува: „Добредојдовте, но бидете добри““, објави Трамп на својата социјална мрежа.
Заедно со објавата, тој прикачи и примерок од страницата од неговиот пасош, на која се гледа неговата слика како стои над претседателската маса, додека во позадина е текстот од оригиналната Декларација за независност, а неговиот потпис на дното.
На спротивната страница е слика од уметничкото дело „Декларација за независност“ од Џон Трамбул.
Пораката на Трамп „Добредојдовте, но бидете добри“ предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.
Многу корисници истакнуваат дека американскиот претседател не ја разбира целта на документот, дека пораката е напишана како предупредување до странците и имигрантите што влегуваат во земјата, додека пасошот се издава исклучиво на американски граѓани кои патуваат надвор од САД и имаат целосно право да влезат во сопствената татковина, пренесува B92.
Фото Економија и бизнис








