МАКРОН ВО ПИСМО ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН БАРА ПРИВРЕМЕНО ОЛАБАВУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРОПИСИ ЗА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ДИЗЕЛ И КЕРОЗИН

Францускиот претседател Емануел Макрон во писмо упатено до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, побара Брисел привремено да ги олабави одредени европски правила со цел брзо да се зголеми понудата на гориво, објавија денес медиумите во Франција. Во писмо испратено до фон дер Лајен на 18 септември, Макрон тврди дека со олабавување на […]

ВО БЛИЗИНА НА СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ГРАДИ националниот дата центар до крајот на мандатот на Владата

Националниот дата центар ќе се гради до крајот на мандатот на Владата. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува камен-темелникот да се стави следната година. Андоновски во интервју за „360 степени“ демантираше дека е дадена дозвола и дека е потпишан договор за изградба на податочен центар од 100 мегавати кој би користел вода од реката […]

ПОВИСОКАТА ЦЕНА НА ГАСОТ ЗА 140 ОТСТО ЗА ТРИ МЕСЕЦИ ЌЕ БИДЕ ПРЕНЕСЕНА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ, открива ЕЦБ

Повисоките цени на гасот на големо ќе бидат пренесени на крајните потрошувачи во повеќето земји од еврозоната во рок од најмногу три месеци, открива Европската централна банка во својот Економски билтен, забележувајќи дека процесот е значително забрзан поради либерализацијата на пазарот. Цените на природниот гас на големо се повеќе од 140 проценти повисоки од минатата […]

ГЛОБАЛНАТА КРИЗА СО ДИЗЕЛОТ ЌЕ ПРОДОЛЖИ И ВО 2027 ГОДИНА

Глобалниот недостиг на дизел предизвикан од прекини во снабдувањето поради војните на Блискиот Исток и Украина може да продолжи и во 2027 година, бидејќи залихите на клучните пазари се намалуваат и се приближуваат до историски најниски нивоа. Дизелот е клучен за земјоделството, индустријата и патниот транспорт, а сегашните прекини во снабдувањето доведоа до намалување на […]

ЕВРОПА СЕ СООЧУВА СО НЕДОСТИГ НА КЕРОЗИН

Европа се соочува со недостиг на гориво за авиони во четвртиот квартал од 2026 година, што ја принудува да се сврти кон далечни добавувачи како Јужна Кореја, покажува анализа базирана на податоци за испорака. Консултантската фирма „Енерџи аспектс“ предвидува дека Европа ќе има дефицит на керозин од 510.000 барели дневно во четвртиот квартал од 2026 […]

ГЕРМАНИЈА ИЗВЕЗУВА ПОМАЛКУ АВТОМОБИЛИ ОД МИНАТАТА ГОДИНА, увозот на нови возила се зголеми за 16 проценти

Во првите седум месеци од оваа година, Германија извезе околу два милиони нови патнички автомобили, што е за четири проценти помалку во однос на истиот период минатата година, додека во исто време, увозот на нови возила во Германија се зголеми за 16 проценти на вкупно 1,3 милиони автомобили, а увозот од Кина е повеќе од […]

СИНДИКАЛНИ ПРОТЕСТИ ВО ГЕРМАНИЈА ПОРАДИ КРИЗАТА ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА

Вработените во автомобилската индустрија под зголемен притисок поради планираните обвиненија и планираните затворања на фабрики Синдикатот IG Metal организира протести низ цела Германија поради, како што вели, зголемениот притисок врз вработените во автомобилската индустрија, планираните отпуштања и најавите за затворање на фабрики. Акции под слоганот „Иднина наместо кратења – солидарноста е нашиот најсилен бренд“ ќе […]

КЛЕКОВСКИ ЗА ДИГИТАЛНОТО ЗДРАВСТВО:  Преку надградениот портал „Мое здравје“, граѓаните ќе имаат пристап до своето здравствено досие

Во организација на Министерството за здравство, денеска во Свечената сала на Владата беше претставена Стратегијата за дигитално здравство 2026 – 2030 на лекари, пациентски организации, комори, институции и ИТ – експерти. Во центарот на стратегијата е пациентот. Целта е до 2030 година секој граѓанин да има пристап до своите здравствени податоци, а секој лекар да […]

КОНТЕЈНЕРИТЕ ЗА ОТПАД ЌЕ СЕ ОТВОРААТ СО СПЕЦИЈАЛНИ ДИГИТАЛНИ КАРТИЧКИ, граѓаните на Сплит очекуваат и нов начин на пресметување на сметките

Големи промени ги очекуваат жителите на Сплит кога станува збор за отстранување на отпадот. Контејнерите ќе бидат заклучени, ќе се отвораат со специјални дигитални картички, а системот ќе ја регистрира нивната употреба. Покрај сето тоа, граѓаните очекуваат и нов начин на пресметување на сметките за собирање ѓубре. Промените треба да започнат во 2027 година, а […]

Уште едно лице почина од западнонилска треска

Шеесет и шестгодишен кумановец кој бил со коморбидитети е последниот смртен случај со западнонилска треска во државата. Директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана денеска во изјава за медиуми рече дека 66-годишниот пациент бил 28 дена хоспитализиран на оваа клиника. Бил со потешка клиничка слика. Директорот информираше дека досега биле хоспитализирани 66 пациенти, сега […]