Францускиот претседател Емануел Макрон во писмо упатено до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, побара Брисел привремено да ги олабави одредени европски правила со цел брзо да се зголеми понудата на гориво, објавија денес медиумите во Франција.
Во писмо испратено до фон дер Лајен на 18 септември, Макрон тврди дека со олабавување на одредени стандарди поврзани со дизелот и керозинот, рафинериите би можеле да произведат помеѓу пет и 20 проценти повеќе гориво.
Меѓу главните предлози на францускиот лидер се ублажување на европските стандарди за квалитет на горивото, зголемување на уделот на биогоривата во дизелот или одложување на одредени нови обврски за увозниците на фосилни горива.
Според Макрон, овие мерки треба да овозможат зајакнување на капацитетот за увоз и производство на краток рок, а со тоа и зголемување на понудата достапна на домашниот пазар.
Според претседателот на Франција, глобалните нафтени залихи со тоа се намалија за повеќе од 500 милиони барели.
Според извештаите, ситуацијата повторно стана напната во последните недели поради нападите врз енергетската инфраструктура на Русија и Блискиот Исток, како и обновениот раст на потрошувачката во Азија.
Фото Економија и бизнис







