ЕВРОПА СЕ СООЧУВА СО НЕДОСТИГ НА КЕРОЗИН

Европа се соочува со недостиг на гориво за авиони во четвртиот квартал од 2026 година, што ја принудува да се сврти кон далечни добавувачи како Јужна Кореја, покажува анализа базирана на податоци за испорака.

Консултантската фирма „Енерџи аспектс“ предвидува дека Европа ќе има дефицит на керозин од 510.000 барели дневно во четвртиот квартал од 2026 година, додека во Азиско-пацифичкиот регион се очекува вишок од 419.000 барели, а во САД вишок од 18.000 барели дневно.

Пред почетокот на војната на Блискиот Исток, Европа покриваше околу половина од увозот на гориво за авиони од овој регион, а сега е принудена да го зголеми увозот од Нигерија, Соединетите Американски Држави, Канада, а неодамна и од Јужна Кореја поради прекини во синџирите на снабдување.

Увозот на гориво за авиони во Европа од Јужна Кореја достигна околу 129.000 барели дневно во септември, што е највисоко ниво од октомври 2022 година, според податоците од аналитичката компанија „Кплер“, пренесува Б92.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано