ГЛОБАЛНАТА КРИЗА СО ДИЗЕЛОТ ЌЕ ПРОДОЛЖИ И ВО 2027 ГОДИНА

Глобалниот недостиг на дизел предизвикан од прекини во снабдувањето поради војните на Блискиот Исток и Украина може да продолжи и во 2027 година, бидејќи залихите на клучните пазари се намалуваат и се приближуваат до историски најниски нивоа.

Дизелот е клучен за земјоделството, индустријата и патниот транспорт, а сегашните прекини во снабдувањето доведоа до намалување на количината на дизел достапен на пазарот, празнење на залихите и зголемување на цените на горивата, се наведува во анализата на британска агенција.

Во Соединетите Американски Држави, малопродажните цени на дизелот надминаа 6 долари за галон за прв пат овој месец, зголемувајќи ги трошоците за земјоделците и превозниците.

Вкупните залихи на дизел во САД паднаа на 107,9 милиони барели на 11 септември, што е најниско ниво за ова време од годината откако започнаа евиденциите во 1982 година, според американската Администрација за енергетски информации (EIA), пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано