Поради дефект на водоводна цевка без вода делови од Драчево и Студеничани

Жителите на село Драчево и Студеничани денеска ќе бидат без водоснабдување поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник Ф-250 милиметри на улицата Драчевска, спроти Караџица. Од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје информираат дека прекинот на водоснабдувањето започна во 10:10 часот, а ќе трае до завршување на интервенцијата и санирањето на дефектот. извор МИА
Пожар од големи размери кај познатото албанско одморалиште Химара

Голем пожар се шири во областа Љаман, во атарот на познатото одморалиште Химара, на југот на Албанија. – Пламените јазици се шират брзо, поттикнати од високите температури и ветерот, ризикувајќи да зафатат уште поголема површина. Во гаснењето на огнот вклучени се противпожарни возила од неколку соседни градови, припадници на полицијата и армијата. Засега нема пријава […]
Кошта: Проширувањето на ЕУ е најважна геополитичка инвестиција

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по денешниот состанок во Париз на Коалицијата на подготвените, изјави дека проширувањето на Европска Унија кон Украина, Молдавија и Западен Балкан е најважна геополитичка инвестиција. – ЕУ е целосно обединета во својата стратегија за мир преку својата моќ – зајакнување на поддршката на Украина, зголемување на притисокот врз Русија […]
ЕУ предлага забрана за социјални мрежи за деца под 13 години

Експертски панел на Европската Унија препорача ограничување на пристапот до социјалните мрежи за деца под 13 години низ целата Унија, велејќи дека употребата треба да биде дозволена само под родителски надзор или за образовни цели, јавува ДПА. Барањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше откриено денеска во Брисел, додека владите ширум […]
БОЖИНОВСКА ОД ГЛОБОЧИЦА: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновскa ја посети хидроелектраната „Глобочица“, каде заедно со директорот на Подружница ХЕС „Црн Дрим“, д-р Гоце Божиновски, извршија увид во работењето на еден од најзначајните хидроенергетски капацитети во државата и разговараа за идните инвестициски активности и развојните планови. Во фокусот на работната средба беа производните резултати, реализацијата […]
Културата е важна: Халкбанк ја продолжува посветената поддршка на македонската културна сцена

Халкбанк, банката што посветено и постојано ја поддржува културната и музичка сцена на нашите простори, ова лето ја продолжува својата поддршка и партнерство со многубројни културни настани и иницијативи. Официјално, оваа музичка и културна програма Халкбанк ја започнува со поддршката на филмскиот фестивал Ohrid Beach Film Fest, кој ќе започне на 22 јули, а во […]
Македонија има знаење и услови да развива рударски проекти по европски стандарди, вели проф. д-р Димов

Македонија располага со природни ресурси и домашен експертски капацитет што можат да ја позиционираат земјата како значаен производител на критични минерали, доколку се применат современи европски технологии и се создаде предвидлива инвестициска клима. Ова го оценува деканот на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, проф. д-р Ѓорѓи Димов, осврнувајќи […]
Колку добро ја познаваме Македонија и нејзините туристички потенцијали?

Најголемото богатство не е во изградбата на нови комплекси, туку во зачувувањето на она што веќе го имаме. Камените куќи, старите чаршии, локалните производи, домашното вино, традиционалната кујна, планинските патеки и гостопримството се капитал што не може лесно да се копира.
Македонската берза со пад на прометот од 59%: Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани акции

Берзанската недела од 6 до 10 јули донесе значително намален промет на Македонската берза, со вкупно 74,5 милиони денари. Само една акција забележа раст, додека најголем пад имаше акцијата на Алкалоид Скопје.
Николоски: Истовремено градиме 6 автопати, Македонија добива модерна автопатска мрежа

Во Македонија во моментов се градат шест автопати истовремено, што е невидено во целиот регион. Динамиката на работите на секоја од овие делници се одвива одлично и во наредните години ќе имаме модерно патно поврзување во сите делови на државата, посочува заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Вицепремиерот детално информирал за напредокот […]