Поради дефект на водоводна цевка без вода делови од Драчево и Студеничани

Жителите на село Драчево и Студеничани денеска ќе бидат без водоснабдување поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник Ф-250 милиметри на улицата Драчевска, спроти Караџица.

Од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје информираат дека прекинот на водоснабдувањето започна во 10:10 часот, а ќе трае до завршување на интервенцијата и санирањето на дефектот. 

извор МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано