Германската хемиска индустрија предупредува: Ниските водостои на Рајна може да го намалат производството

Германската хемиска индустрија предупреди дека ниските водостои на Рајна и другите пловни реки во земјата може да принудат дел од компаниите да го намалат производството поради зголемени транспортни трошоци и притисокот врз синџирите на снабдување. „Ако бродовите мора да превезуваат помали количини или воопшто не можат да сообраќаат, трошоците растат, синџирите на снабдување се оптоваруваат, […]
Ристовски: Иџе повторно ги поместува границите – Македонија добива нова причина за гордост

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со премиерот Христијан Mицкоски, денеска присуствуваше на промоција на новото натпреварувачко возило на најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе. На Водно беше промовирано возилото со кое Иџе ќе настапува во претстојната натпреварувачка сезона. Министерот Ристовски истакна дека успесите на Игор Стефановски се инспирација за младите генерации и доказ […]
Американската воена индустрија ќе бара минерали од сојузниците – нова можност за земјите што располагаат со бакар

Критичните минерали стануваат сè поважно геостратешко прашање. Со најновата извршна наредба на претседателот Доналд Трамп, американската одбранбена индустрија од 2027 година ќе мора да користи метали исклучиво од домашно производство или од партнерски држави, при што за секоја компонента ќе се проверува потеклото на суровината. Ваквата политика се очекува дополнително да ја зголеми побарувачката за […]
АЗЕСКИ: ЗА ОДРЖЛИВ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ ПОТРЕБНО Е АКТИВНО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ ДРЖАВАТА, ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

Поголема соработка меѓу локалната самоуправа и приватниот сектор, поттикнување на инвестициите и искористување на туристичкиот и економскиот потенцијал на општина Чучер Сандево беа во фокусот на работниот состанок меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, и градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Зоран Бајовски. На состанокот присуствуваа и Драганчо Апостолски, советник во Дирекцијата […]
Николовски: Во јули остварена историски највисока наплата на приходи од над 14 милијарди денари – изградивме систем што испорачува резултати

Царинската управа во јули оствари историски највисокa месечна наплата на приходи од 14,14 милијарди денари, што е за 1,5 милијарди денари или 11,8 проценти повеќе од јули минатата година.Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, вели дека ваквите податоци се доказ дека системот што се гради во изминатите две години ја зголемува способноста на државата да генерира […]
Американските градови домаќини на СП 2026 ги бараат ветените исплати од ФИФА

Неколку американски градови кои беа домаќини на натпреварите на Светското првенство во 2026 година бараат ФИФА да ги исплати ветените средства, објавува „The Athletic“. Раководството на ФИФА постојано ги уверувало градските претставници дека секој ќе добие по еден милион долари. Средствата требало да се користат за развој на фудбалската инфраструктура и спроведување социјални проекти, но […]
Товарниот сообраќај на Дунав во Австрија речиси е целосно прекинат поради нискиот водостој

Речниот товарен сообраќај на австрискиот дел од Дунав е речиси целосно во прекин поради исклучително нискиот водостој на реката, соопшти синоќа австриското Министерство за иновации, мобилност и инфраструктура. „Товарната пловидба практично е прекината, додека сообраќајот на речните крстаречки бродови исто така е значително ограничен“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството. Министерството предупреди […]
Јанчев: Целосно изгаснат пожарот кај село Раец

По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат. Заедно покажавме дека кога сме обединети можеме да се справиме и со најголемите предизвици, објави вечерва градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев на својот фејсбук профил. Во овие исклучително тешки моменти, вели во објавата, уште еднаш се потврди силата на […]
Хрватска четирикратно ги зголемува казните за кршење на Законот за управување со отпад – време е и Македонија да ги следи европските практики

Во Хрватска, Министерството за заштита на животната средина и зелена транзиција предложи измени на Законот за управување со отпад со кои значително се заоструваат мерките против незаконското постапување со отпад. Предвидено е воведување видео надзор и задолжителен GPS во возилата што транспортираат отпад, проширување на дигиталниот систем eONTO за следење на тековите на отпадот, како […]
Евростат: Македонија и Романија со најголем напредок според стандардите за куповната моќ

Евростат ги објави најновите податоци за минималната плата во државите од Европската унија и во земјите кандидати. Според стандардите за куповна моќ (PSS), најголем напредок бележат Македонија и Романија кај кои е забележан скок за осум места по што следи Србија која има напредок од пет места. Според овој параметар, Македонија е држава која е […]