Јанчев: Целосно изгаснат пожарот кај село Раец

По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат. Заедно покажавме дека кога сме обединети можеме да се справиме и со најголемите предизвици, објави вечерва градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев на својот фејсбук профил.

Во овие исклучително тешки моменти, вели во објавата, уште еднаш се потврди силата на солидарноста и несебичната посветеност на сите служби и поединци кои деноноќно беа на терен во борбата со огнената стихија.

-Упатуваме искрена и огромна благодарност до ТППЕ Кавадарци, ТППЕ Неготино, ЈП Комуналец Кавадарци, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Центарот за управување со кризи (ЦУК), Општата болница Кавадарци, Шумско стопанство „Бор“, Министерството за внатрешни работи, Армијата на Република Македонија, ОВР Кавадарци, Гранична полиција – Југ, доброволните противпожарни друштва, како и на сите доброволци и жители од село Раец и село Дреново, кои на различни начини помогнаа во справувањето со пожарот. Вашата храброст, пожртвуваност и несебична поддршка беа од непроценливо значење за успешно надминување на оваа сериозна состојба, напиша Јанчев.

Изрази благодарност до сите што дадоа свој придонес во гасењето на пожарот

Повеќе од истиот автор

Најчитано