Мицкоски ги повика македонските граѓани своите летни годишни одмори да ги поминат на македонските планини и езера

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека имаат одредени разговори во рамките на ЕУ за надминување на метежот што се создава со примената на ЕЕС-системот за влез во земјите од Унијата. Но, додава ако тоа не се надмине и летните годишни одмори претставуваат проблем, тогаш, сите ние, како што рече, би можеле да ги поминеме на прекрасните […]
Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во март 2026 во однос на март 2025 година

Бројот на работниците во март 2026 година, во однос на март 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.9 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.8 %, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата […]
Индустриското производство во март 2026 година е зголемено за 3.0 % во однос на март 2025 година

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во март 2026 година, во однос на март 2025 година, бележи опаѓање од 6.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2.3 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, […]
ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ | УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО УСЛОВИ НА ЕНЕРГЕТСКИ ШОК: Оперативни и ликвидносни предизвици за мали отворени економии

Разликата меѓу компанија која ја доживува инфлаторната криза и таа која ја капитализира лежи во ист фундаментален принцип: дисциплинирано управување со ризик воспоставено пред кризата, а не за време на кризата
Потпишете договор со ЕДС и изберете вреден подарок: Инвертер клима уред или електричен тротинет!

ЕДС со понуда со уште поголема додадена вредност за компаниите кои ќе изберат сигурен и стабилен снабдувач со електрична енергија. Во рамки на актуелната понуда, сите компании кои ќе склучат договор за снабдување со електрична енергија на 2 години со фиксна цена, може да изберат меѓу два вредни подароци инвертер клима уред или електричен тротинет. […]
ЕБОР и ЕУ го зајакнуваат пристапот до финансирање на жените и младите претприемачи во Северна Македонија

Пакет од ЕУР 5 милиони за поддршка на бизнисите менаџирани од жени и млади преку ПроКредит Банка
Влатко Сулев: Македонија во очите на германските туристи

Македонија не е само уште една од многуте туристички дестинации на списокот, туку пред се место кое остава траен емоционален и културен белег, и каде туристот доживува искуство кое допира до срцето! Тоа е впечатокот на групата туристи од Германија, која изминатиов период ја посети нашата земја. Стигнавме наутро, во Битола, многу им се допаднаа централните […]
Насилството врз децата може да се спречи, ако дејствуваме заедно

Авторски текст на Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ Во изминатите денови, Северна Македонија е преплавена со наслови и интензивна јавна дебата за насилството што ги погодува децата и адолесцентите. Многу луѓе чувствуваат шок, гнев, страв и длабока тага – и овие реакции се разбирливи. Но, револтот што згаснува во тишина не менува ништо. Она што […]
НОВ БРОЈ | Економија и бизнис | 01 мај 2026г

Доколку сакате да се претплатите и да го добивате печатеното издание на адреса што вие ќе ја посочите, и бесплатна достава, кликнете ТУКА
Македонска берза во април со умерен раст: банкарските акции доминираат, Макстил најголем добитник

Април донесе умерен раст на берзата, со доминација на банкарските акции и силен скок на Макстил