Македонија не е само уште една од многуте туристичка дестинација на списокот, туку пред се место кое остава траен емоционален и културен белег, и каде туристот доживува искуство кое допира до срцето! Тоа е впечатокот на групата туристи од Германија, која изминатиов период ја посети нашата земја. Стигнавме наутро, во Битола, многу им се допаднаа централните улици каде имаше луѓе уште во утринските часови, пиеја кафе, па седнавме и ние, па кафеанџијата каде што го испивме кафето ни кажа каде да си купиме убав појадок, и да посетиме некоја знаменитост во градот. Многу се френдли и секој кој го запревме сака да помогне ми рече германскиот турист, Хајнц кој беше одушевен од македонскиот менталитет.
Во Битола, тие имаа можност да ручаат кај локално семејство, што за нив претставуваше едно од највпечатливите искуства, не само поради традиционалната храна, туку и поради гостопримството и топлината со која беа пречекани. Тој момент им овозможи да ја почувствуваат „вистинската“ Македонија, надвор од класичните туристички рамки.
Посетата на Охрид дополнително ја збогати нивната перцепција. Античкиот театар ги воодушеви со својата историја и амбиент, додека Плаошник им понуди увид во раното христијанство и значењето на регионот како духовен и културен центар.
Германските туристи ја доживeeja Македонија како земја со длабока историја, богато наследство и искрени луѓе. На тоа треба да се базира нашата стратегија за развој на туризмот, на креирање автентични исксуства кои доаѓаат од луѓето. Луѓето се најголемото богатство на нашата земја.
За странските туристи Македонија е топла, автентична и културно богата дестинација. Она што посебно ги импресионираше е што за многу кратко време, имаа можност да посетат места со природни убави, историски локалитети и истовремено да имаат непосреден контакт со локалното население.
Нивните позитивни доживувања се најмногу од контактите со локалците, кои имаат време за нив, и споделуваат приказни. Нешто што како што тие велат не можеш да го доживееш на комерцијалните топ светски дестинации. Тие беа сложни дека најверојатно Македонија не е во топ посетуваните дестинации во светот, дека по архитектура не може да се споредува со една Шпанија или Италија, но сепак има нешто по што е уникатна. Нејзината посебност е во автентичноста, спојот на различни култури, рурални со урбани реони, модерно со историско, дека е земја на контрасти, што им изгледа многу интересно. Беа особено импресионирани од балансот меѓу природата и културата, како и од чувството дека се добредојдени.







