Индустриското производство во март 2026 година е зголемено за 3.0 % во однос на март 2025 година

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во март 2026 година, во однос на март 2025 година, бележи опаѓање од 6.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2.3 %. 

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: 

 – Производство на прехранбени производи, 
 – Производство на пијалаци,
 – Производство на тутунски производи,
 – Производство на текстил,
 – Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
 – Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
 – Производство на други неметални минерални производи, 
 – Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема,
 – Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место,
 – Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и
 – Производство на мебел. 

Според главните индустриски групи, производството во март 2026 година, во однос на март 2025 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.0 %, Капитални производи за 8.4 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 2.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 7.8 %. 

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – март 2026 година, во однос на периодот јануари – март 2025 година, изнесува 97.7.

Главни поенти

Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во март 2026 година, во однос на март 2025 година, има зголемувањето на производството во одделите: 

•    Производство на прехранбени производи со 5.8 %
•    Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 8.0 %
•    Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 6.1 %

Повеќе од истиот автор

Најчитано