Екстремните услови создадени за време на нуклеарна експлозија можат да доведат до создавање на сосема нови материјали. Една таква, досега непозната метална легура, е пронајдена во остатоците од атомската бомба фрлена врз Хирошима во 1945 година.
Материјалот, кој никогаш порано не е забележан во лабораторија или во природата, го пронашол Лука Бинди, научник на Универзитетот во Фиренца, додека анализирал микроскопски остатоци собрани по должината на бреговите на заливот Хирошима.
Легурата е формирана во дел од секундата.
Нуклеарната експлозија создава услови што тешко можат да се реплицираат во лабораторија: температурите достигнуваат нивоа слични на оние на површината на Сонцето, додека материјалите се топат, испаруваат и се рекомбинираат во нови структури речиси истовремено.
Поради екстремно брзото ладење, металите немаат доволно време да ги формираат своите вообичаени кристални форми. Во еден од многуте такви процеси за време на експлозијата во Хирошима, се формирала легура составена од железо, хром, никел, манган, молибден, силициум и алуминиум.
Откритието, објавено во списанието Science Advances, би можело да им помогне на научниците подобро да разберат како екстремните настани како нуклеарни експлозии, удари од метеорити или удари од гром можат да создадат нови видови материјали, пренесува Бизнис и финансии.
Фото Економија и бизнис








