Финансии / Банкарство

НАЈТРГУВАНИ АКЦИИ НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА – Неделен извештај за периодот 20.01.2026 до 23.01.2026 година

Минатата недела, во периодот од 22.09.2025 – 26.09.2025 година на Македонската берза на хартии од вредност вкупно на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен промет од 108,7 милиони денари или околу 1,76 милиони евра.

Најтргувани беа акциите на Комерцијална банка Скопје. Со нивното тргување беше остварен промет од 33 милиони денари или околу 538 илјади евра (30,4 % од вкупниот промет). Втори најтргувани акции измината недела беа акциите на Алкалоид Скопје со вкупен промет од 25,6 милиони денари или околу 422,1 илјади евра (23,8 % од вкупниот промет). Потоа следуваа акциите на Макпетрол со 18,8 милиони денари или околу 306,1 илјади евра (17,3 % од вкупниот промет).

Во топ 5 акции според прометот изминатата недела беа уште и акции на НЛБ Банка АД Скопје со 5,4 милиони денари или околу 88,3 илјади евра и акциите на Гранит Скопје со промет од 3,8 милиони денари или околу 63,2 илјади евра.

 

Истовремено беше реализирана една блок трансакција во износ од 3,4 милиони денари со акциите на Алкалоид (се истргуваа 136 акции по цена од 25,237 денари по акција), како и две блок трансакции со акции на Макпетрол преку кои се истргуваа вкупно 86 акции за 9,4 милиони денари.

Прометот на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен со 367 трансакции со кои се истргуваа вкупно 10 769 акции и 276 344 обврзници.

ПРЕПОРАЧАНО