Бизнис

ВО ХРВАТСКА ИЗДАДЕНИ НАД 160 000 ДОЗВОЛИ ЗА РАБОТА ЗА СТРАНЦИ, ОД МАКЕДОНИЈА СЕ 11.384

Од почетокот на годината до 30 ноември, во Хрватска се издадени вкупно 160.176 дозволи за престој и работа, според месечните статистички прегледи на Министерството за внатрешни работи. Од нив, 76.700 дозволи се однесуваат на нови вработувања, 64.009 на продолжување на постојните дозволи, додека 19.467 дозволи се издадени за сезонска работа. Ова е наведено во официјалната статистика за дозволи за престој и работа издадени од 1 јануари до 30 ноември 2025 година од страна на Министерството за внатрешни работи.

Од јануари до крајот на ноември, во Полициската управа во Загреб се издадени 40.170 дозволи, од кои 18.724 се за нови вработувања, 21.033 за продолжување и 413 за сезонска работа.

Најголем број дозволи за престој и работа до 30 ноември 2025 година се издадени на граѓани на следниве земји:

1. Босна и Херцеговина – 30.188

2. Непал – 29.579

3. Србија – 23.145

4. Филипини – 16.195

5. Индија – 14.500

6. Македонија – 11.384

7. Косово – 5.860

8. Египет – 5.149

9. Узбекистан – 5.161

10. Бангладеш – 3.183


Фото Економија и бизнис

 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано