Вести
ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ ОДНЕСОА ВОЗИЛА ПАРКИРАНИ ВО СУВО КОРИТО НА РЕКА ВО БУДВА!
19.11.2025
Обилните дождови што ноќеска и утринава ја погодија Будва повторно ја претворија реката Грѓевица во надојден порој кој однесе десетици паркирани автомобили, оставајќи зад себе слики како од катастрофален филм.
Според локалните медиуми, водата нагло се излеала од коритото и буквално почнала да ги носи возилата паркирани во коритото на реката – простор што со години служи како најголем импровизиран паркинг во центарот на градот. Снимките од терен покажуваат како моќниот порој турка автомобили, контејнери и ситни објекти, додека граѓаните немоќно гледаат од околните згради.
Причината е добро позната на жителите: Грѓевица најголемиот дел од годината е речиси сува, па нејзиното корито, особено во летната сезона, се користи како паркинг за стотици возила. Во Будванско поле, и покрај стотиците изградени згради и куќи, речиси и да нема организирани паркинг-простори, па граѓаните се туркаат кон секој слободен метар – дури и кога тој формално е речно корито.
Невремето проследено со обилни дождови и силен ветер, што ја зафати Албанија во последните денови, доведоа до поплавување куќи, евакуација на семејства и прекини во снабдувањто со електрична енергија во повеќе делови во земјата.
Министертвото за одбрана соопшти дека поради поплавени домови евакирани се дваесеттина семејства во областа Тат, поради одрони блокирани се повеќе патни правци, а траектот кој сообраќа на релација Анкона - Валона поради високите бранови не можел да вплови на пристаништето. Исто така, поплавени се големи земјоделски површини и стотина домови, а во многу делови во земјата има прекин во снабдувањето со електрична енергија.
„Во текот на ноќта сите локални структури и оперативни тимови продолжија да работат на терен за нормализирање на состојбата во подрачјата погодени од лошите временски услови, за обезбедување на патните правци и за нормализирање на снабдувањето со електрична енергија. Максималната ангажираност на сите сруктури продолжува и денеска“, наведува Министертвото.
Извор/фото МИА