Вести
Прва трансплантација на рожница во нашата држава во јавното здравство
14.11.2025
Извршена е прва трансплантација на рожница во нашата држава во јавното здравство. Се изведоа 9 операции за прв пат во државата како најсовремена трансплантациона метода. Ова е голем чекор за македонското здравство.
Ова претставува исклучително значаен и долгоочекуван чекор напред за нашата држава, за здравството и пред се за пациентите кои имаат потреба од ваков вид високо-специјализиран третман. Со ова Македонија се вбројува меѓу ретките држави во регионот кои извршуваат вака сложена операција, напиша премиерот Христијан Мицкоски, на својата страна на Фејсбук.
Операциите ги извршија доктори од Duke University (САД), еден од највисоко рангираните универзитети за клиничка медицина во светот и тоа Лојд Вилијамс, Николас Гарсон и Шина Сонг, заедно со тимот на Универзитетската клиника за очни болести во состав: директорката на Клиника за очни болести, доц. д-р Наташа Трпевска Шекеринов, насл. доц. д-р Христијан Дума, прим. д-р Бисера Велковска, асс. д-р Ана Трпеска Бошкоска; анестезиолозите д-р Катерина Аспроска Блажевска и д-р Ангелина Трајчевска; анестетичар Канита Арифи, како и медицинските сестри и инструментарки дипл. мс. Билјана Трајчева, мс. Тамара Тасевска, дипл. мс. Суреја Идризи, дипл. мс. Марина Трајковска и целиот персонал на клиниката.
Националниот координатор за трансплантација, Проф д-р Билјана Кузмановска и Доц Д-р Наташа Трпевска Шекеринов директор на Универзитетската клиника за очни болести во Скопје го координираа овој процес.
Со овие успеси, трансплантацијата на рожници во Македонија добива современ, одржлив и светски квалитетен модел.