Вести

ЗНАЧИТЕЛНО ЗГОЛЕМЕНИ БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ЗА НАУКА, нотира Европската Комисија

Во третиот кластер – Конкурентност и инклузивен раст е поглавјето 25 – Наука и истражување. Во рамките на ова поглавје, во својот извештај Европската Комисија нотира дека земјата значително го зголемила буџетот за финансирање на науката. За 2025 година тој изнесува речиси 11 милиони евра. Тоа претставува зголемување од дури 58% во однос на 2024 година.

Извештајот наведува дека половина од овие средства се издвоени за имплементација на Стратегијата за паметна специјализација. Таа претставува клучна иницијатива и главна алатка за иновации и истражување. Во извештајот Европската комисија посочува дека е започната реализацијата на првите мерки од Стратегијата за паметна специјализација.

Европската комисија го нотира и продолжувањето на позитивниот тренд на учеството на земјата во рамковната програма на ЕУ за истражување и иновации – Хоризонт Европа.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано