Lifestyle
КОЈА Е ОПТИМАЛНАТА ТЕМПЕРАТУРА ЗА ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ДОМОВИТЕ?
20.12.2024
Со влегувањето во зимата и намалувањето на дневните температури се зголемува потребата од подобро затоплување на домовите, но со тоа се зголемуваат и сметките за електрична енергија. Правилното подесување на термостатот носи неколкукратна корист: обезбедува пријатен простор за луѓето, ги намалува сметките за греење и влијае на зачувување на животната средина. Секој степен пониско на термостатот може да ги намали трошоците за греење до пет отсто.
Експертите препорачуваат термостатот во домовите да се подесуваат на 20 степени Целзиусови. Но доколу и натаму ви е ладно, подобро е да размислите за дополнителна облека, топла прекривка или некој топол напиток, пишува Н1.
фото freepic