Бизнис
ВИЕНА ГРАДИ НАД 22.000 СУБВЕНЦИОНИРАНИ СТАНОВИ
29.11.2024
Градот Виена и Виенската стопанска комора почнуваат заедничка кампања за промовирање на одржлив и достапен станбен простор. Новата кампања е под слоганот „Виена град на иднината“ , се спроведува и преку иницијативата за изградба на 22.200 субвенционирани станови за повеќе од 45.000 луѓе.
- За Виена достапниот стан не е само кров над главата, туку и важен фактор за квалитетен живот и општествена кохезија. Ова е причината што 60 отсто од жителите на Виена живеат во градски станови. Виенскиот модел со неограничени договори за изнајмување и со одржлива еколошка градба во период од 100 години е пример за светот. Покрај домувањето, овој проект создава и работни места за градежната индустрија и обезбедува 54.000 работни места во Виена. Вкупната генерирана дополнителна вредност на оваа иницијатива е 4,1 милијарди евра, беше соопштено при претставување на кампањата „Офанзивна станбена изградба 2024+“.
Во фаза на изградба се 16.100 градски станови, кои се градат првенствено во некогашните индустриски и инфраструктурни површини, пренесува „Бизлаив“.
фото freepic